Деми Мур (57) ѝ се приклучи на актерската екипа што ќе учествува во реализацијата на трилерот со тема за пандемија, „Пејачка“. Актерката ќе се појави во филмот заедно со Крег Робинсон, Пол Волтер Хаусер и Питер Стормер, објави „Дедлајн“.
Филмот го продуцира Мајкл Беј (55), во партнерство со „Кечлајт студио“ и „Ивизибл наративс“.
„Пејачка“ ќе се снима во Лос Анџелес и ќе биде еден од првите филмови по застојот во Холивуд поради пандемијата на коронавирусот. Во продукцијата на филмот во режија на Адам Мејсон ќе се користат строги практики за физичко дистанцирање, како и иновативни техники на снимање. Дејството се одвива во 2022 година, во услови на долготрајна пандемија бидејќи вирусот продолжува да мутира.
Приказната на филмот се фокусира на здравствен работник со редок имунитет, кој ги надминува пречките за да биде со својата девојка затворена во нејзиниот дом.