Директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски се сретна со претставници од Специјалната мисија на ОБСЕ/ОДИХР за проценка на изборите во Република Северна Македонија, предводена од Тибор Немеш, експерт за безбедност.
Немеш истакна дека мисијата на ОБСЕ/ОДИХР ги следи здравствените и безбедносните протоколи. Директорот Тасевски упати покана за Специјалната мисија на ОБСЕ/ОДИХР да присуствуваат на Оперативниот штаб, кој е формиран за претстојните парламентарни избори и потенцира дека според сите досегашни анализи, нема никакви сознанија дека изборниот процес може да биде нарушен, односно дека Министерството за внатрешни работи во координација со другите надлежни институции ги презема сите неопходни мерки и активности за изборите да бидат мирни и демократски.
Директорот Тасевски посочи дека досегашниот тек од кампањата се одвива без проблеми.