Заради контакт со потврден случај на една вработена, шестмина вработени лица од
Одделението за Гинекологија и акушерство од Клиничката болница во Битола се во
изолација. Оваа информација денеска ја потврдија од Клиничката болница.
Вработената кај која е потврдено дека е позитивна, според зборовите на директорката на болницата Билјана Гагачовска, е хоспитализирана на Инфективното одделние.
Инаку, до денеска бројот на хоспитализирани пациенти од ковид-19 на Инфективното одделение во Клиничката болница во Битола, кој е регионален центар за инфицираните од корнавирусот изнесува 30, а еден е сомнителен пациент за кој се чека резултат од тестирањето. М.М.