Германската полиција на граничните премини под сомнение за присуство на коронавирус одбила да им дозволи влез во земјата на 196.000 лица, објави „Билд ам сонтаг“, пред денешното укинување на здравствените контроли на патниците на границата.
Бројот на одбиени влегувања се однесува на периодот до 11 јуни, изјави германскиот министер за внатрешни работи, Хорст Зехофер, за „Билд ам сонтаг“.
Тој кажа дека граничните контроли се спроведуваат од 16 март, кога тие беа привремено воведени, а досега ги извршиле 6.000 полицајци.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека досега 122 полицајци биле заразени.