Новиот филм на Џејмс Франко и Брис Тирер Чеунг, „Идниот свет“, научнофантастична акција со неверојатна актерска екипа, вчера пристигна во домашните кина. Во постапокалиптичен свет, во кој долго време нема вода и бензин, Принцот од Оазата започнува потрагата по лек за болната кралица, но на патот ќе му се најдат господарот на војната (Џејмс Франко) и неговиот робот (Суки Вотерхаус), што ќе го однесе на храбро патување низ пустинските пространства.
Сценариото за „Идниот свет“ се базира на оригиналната приказна, напишана од Џејмс Франко. Иако филмскиот синопсис не укажува на елементи на љубовна приказна, токму тоа беше инспирацијата на Франко за филмот.
– Бев многу заинтересиран во приказната за љубовта меѓу роботите и луѓето, како и за истражување на тенката граница меѓу нив – објаснува Франко.
Џејмс Франко покажа повеќе таленти – како сценарист, режисер и актер. Во филмот „Идниот свет“ се обиде во сите три улоги истовремено и доби поддршка од одлична екипа, составена од Мила Јовович, Луси Лу, Суки Вотерхаус, раперот Снуп Дог и Метод Мен.
Музиката за филмот е дело на електронското дуо на Тојдрум, составен од Џејмс Грифит и Пабло Клеменс. Нивните песни произлегуваат од рамките на комерцијалната филмска музика, но остануваат доследни на жанрот.