Претставници на МВР, вчера (9 јуни), присуствуваа на седница на локалниот Совет на Општина Чаир, на тема „Потреба за почитување на мерките на Министерство за здравство и Комисијата за заразни болести, со цел подигање на свеста на граѓаните.
Како што информираат од МВР, на седницата биле донесени повеќе заклучоци, меѓу кои зајакнување на соработката на општина Чаир со Кризниот штаб и полициските органи.
Членовите на локалниот Совет за превенција во општина Чаир побарале од МВР преземање засилени превентивни мерки, зголемено присуство на реонските полициски службеници и санкционирање на лицата што не се придржуваат кон мерките донесени од Владата.
Според статистиката на Министерството за здравство, бројот на заболени во Чаир се зголемил за 40 лица за два дена.
Врз основа на тековните податоци дистрибуцијата на позитивни на ковид-19 според општини во Скопје е следна:
Чаир – 192
Бутел – 68
Центар – 66
Гази Баба – 63
Аеродром – 61
Карпош – 57
Сарај – 55
Кисела Вода – 37
Ѓорче Петров – 23
Арачиново – 23
Шуто Оризари – 21
Студеничани – 20
Илинден – 18
Петровец – 6
Чучер Сандево – 3
Сопиште – 2
странци – 2