Во изминатото деноноќие едно лице од Кичево не ја почитувало забраната за движење за време на спроведување на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирусот.
Лицето е приведено и против него ќе биде поднесена пријава според член 206 од Кривичниот законик „Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“. Во истиот период не се регистрирани нарушувања на јавниот ред и мир ниту сообраќајни незгоди.
Моментно во излозација во општина Кичево се наоѓаат 18 лица, а кај 11 од овие лица полициските службеници извршиле контрола во изминатото деноноќие. Во самоизолација во Кичево се наоѓаат осум лица, а кај три од овие лица извршена е контрола и не се регистрирани неправилности.
Полициските службеници во координација со Државниот пазарен инспекторат извршиле и 22 контроли врз угостителски и други објексти во Кичево, а во истиот период во овој град се констатирани и 18 прекршоци за неносење на лична заштита на лицето. З.А.