Премиерот на Канада, Џастин Трудо, клекна на колена во знак на солидарност со демонстрантите на вчерашниот протест против расизмот што се одржа во Отава.
Опкружен со телохранители, Трудо клекнал додека демонстрантите барале крај на полициската бруталност и расистичкото постапување и извикувале „aјде да му се спротиставиме на Трамп“.
Протестот во Отава е еден од неколкуте протести планирани во градовите низ Канада како солидарност со протестите во САД предизвикани од смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд по апсењето во Минеаполис минатата недела.