Шест лица од денешните 26 случаи на ковид-19 регистрирани во главниот град се од општина Сарај, покажуваат статистиките на Министерството за здравство.
Утврден е и еден позитивен случај од скринингот, но се уште нема податок дали станува збор за градинките или домовите за стари лица.
Нови случаи од Скопје, освен овие, има и во Чаир (4), Бутел (4), Кисела Вода (1), Арачиново (1), Карпош (1), Студеничани (2), Шуто Оризари (2), Аеродром (3).
Чаир, Сарај и Гази Баба имаат најмногу активни заразени во Скопје. Скопје со 239 активни случаи е град со најголем број заразени.
На врвот на листата е скопската општина Чаир со 54 случаи на заразени, а зад неа се Сарај со 39 случаи, Гази Баба со 34 случаи, Аеродром со 29 случаи и Бутел каде се регистрирани 25 активни заболени од коронавирус.
Во последните 24 часа беа регистрирани 52 нови случаи. Од нив 26 се во Скопје, 6 во Куманово, 7 во Штип, 9 во Тетово, 2 во Струга, и по еден во Велес и во Кочани.