Заб на познат воен водач, прамен од коса на поп-икона, тепих на крал, се само некои од предметите за кои луѓето издвојувале илјадници, па дури и милиони американски долари за да дојдат до нив. Листата на нерелано скапи и бескорисни работи ја има во Гинисовата книга на рекорди.
Ако одлучите да вечерате со Ворен Бафет, еден од најуспешните американски бизнисмени денес, и да добиете неколку паметни деловни совети од него, само за еден час ќе мора да издвоите неверојатни 2,1 милиони американски долари.
Забот на францускиот водач Наполеон Бонапарта бил продаден на една аукција за дури 19.140 американски долари.
Домеинот за веб страницата „www.?.com“ чинела дури 13 милиони американски долари.
Слика насликана од слон во индиска зоолошка градина е купена за 39.000 долари.
Еден од теписите на кои газел францускиот кралот Луи XV достигнал цена од дури 4.406.000 американски долари.
За прамен од косата на некрунисаниот крал на музика, Елвис Присли, еден негов обожавател платил дури 115.120 американски долари.
Гигантската книга „Птиците на Америка“ проценета е на 11,4 милиони американски долари.
Парче тортата што била послужена на венчавката на војводата и војвотката од Виндзор, чинело неверојатни 26.000 американски долари.
Украсената божиќна елка поставена во трговскиот центар во Абу Даби чинела 11,3 милиони американски долари.
Лист хартија на која славниот молекуларен биолог Френсис Крик, кој ја открил структурата на ДНК, пишувал белешки и на кој го скицирал самиот ДНК-синџир, вреди 6,9 милиони американски долари.