Некои безбедносни експерти тврдат дека САД треба да соработуваат со Русија за да ѝ се спротивстават на уште поголемата закана од Кина. Но оваа препорака е погрешна, смета Метју Крониг, аналитичар од Атлантскиот совет
Како што пандемијата од коронавирусот беснее низ светот, таа дури донесе и заострување кај денешните најголеми геополитички ривалства. САД и Кина се вклучени во сè поинтензивна конкуренција за глобално политичко влијание, економско и технолошко лидерство, но и воена супериорност. И додека Кина засега е главен геополитички ривал на Америка, Русија исто така се обидува да ги поткопа интересите на САД и да го наруши правниот систем во земјата.
Предизвикот што го претставуваат овие автократски сили би можел да биде уште посериозен доколку тие почнат да работат заедно.
Во својата неодамнешна годишна процена на закани од светски рамки пред Конгресот, американските разузнавачи посочија оти Кина и Русија се на исто рамниште како во времето на 1950-тите. Во раните денови на Студената војна, Советскиот Сојуз и комунистичка Кина беа официјално третирани како заканувачки пакт, но тие подоцна се разделија и Кина на крајот се префрли на страната на Америка во раните 1970-ти.
Сега овие ревизионистички автократски сили повторно тесно соработуваат. Како одговор, многу стратези за национална безбедност тврдат дека САД треба да се обидат да ги разделат, работејќи притоа тесно со Русија за да ѝ се спротивстават на уште поголемата закана што доаѓа од Кина.
Но оваа препорака е погрешна. Автократиите како Кина и Русија нема да формираат длабоко стратегиско партнерство, а „трошоците“ за здружување со Русија далеку ги надминуваат придобивките. За среќа, постои подобар пат. Вашингтон може да ги искористи своите демократски предности, работејќи со постојните демократски сојузници за да им се спротивстави на Пекинг и на Москва во исто време.
Зголемениот руски и кинески стратегиски однос е загрижувачки. Двете автократски сили соработуваа на големи енергетски договори, вклучувајќи го и огромниот договор од 55 милијарди американски долари за инсталирање природен сибирски гас во Кина. Рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот претседател Си Џинпинг се состанаа на неколку самити на високо ниво, а Си Џинпинг меѓу другото го прогласи и Путин за најдобар пријател и колега.
Можеби највознемирувачки е што Пекинг и Москва учествуваа во заедничките воени вежби во Европа и во Азија. Ако требаше да координираат и спроведат истовремени воени напади врз САД, системот за одбрана на партнерите на Америка во Источна Европа и на Индо-Пацификот на пример ќе беа поразени.
Овие факти доведоа до заклучок на многу набљудувачи дека решението можеби е во стратегија на САД со која би ги спротивставила едни со други.
Исто како што претседателот Ричард Никсон се отвори кон Кина за да работи против Москва за време на Студената војна, денес Вашингтон би можел да го направи обратното, велат експертите. Кина е најголемата закана сега, така што Америка би можела да се здружи со Русија против растечката моќ во Источна Азија.
Навистина, историјата покажува дека автократските сојузници имаат тенденција да се борат меѓусебно повеќе од непријателот. И покрај пактот, Адолф Хитлер се вклучи и изврши инвазија врз Советскиот Сојуз, предавајќи го својот партнер Јосиф Сталин. Најголемата воена акција на Варшавскиот пакт за време на Студената војна ги напаѓаше всушност своите членки, Унгарија и Чехословачка. Кина и Русија речиси стигнаа до нуклеарна војна во советскиот пограничен конфликт во 1969 година. Путин ги нападна Украина и Грузија во време кога земјите беа вклучени во заедницата на независни држави предводени од Русија.
Но и покрај сѐ, постојат многу судири на интереси меѓу Русија и Кина што ќе ги оддалечат без никаква помош од САД за тоа. Освен тоа, може малку да се добие а многу да се изгуби со обидот да се пробие Москва. Русија веројатно нема да биде отворена толку да му помогне на Вашингтон за да му се спротивстави на Пекинг. Во исто време, додека Русија не сака да ѝ се потчини на Кина, таа не сака ниту да биде отворено антагонистички настроена кон неа. Покрај тоа, Путин многу веројатно нема да сака да ги зајакне САД, земјата што ја смета за негов најголем непријател. Дури и ако Путин вети дека ќе работи со САД, би било голема грешка да му се верува.
На Путин не може да му се верува бидејќи тој не се придржува кон договорот за контрола на оружјето и прекинот на огнот во источна Украина. Зошто на пример сега Вашингтон би требало да го вклучи во својата стратегија за најважниот национален безбедносен предизвик на 21 век?
Конечно, Русија става многу на масата. Тоа е опаѓачка сила со БДП помал од италијанскиот. Кога цените на енергентите се високи, Русија може да си дозволи импресивна војска, но цените на нафтата опаѓаат, а тоа придонесе воените трошоци на Русија да се намалат во последните неколку години.
За среќа, САД имаат и други потенцијални партнери од кои може да избираат.
Демократиите се одликуваат со градење ефективни сојузи, а САД уживаат формални сојузи со речиси сите 29 членки на НАТО, но и со земјите како Јапонија, Јужна Кореја и Австралија. Овие нации сочинуваат 59 отсто од глобалниот БДП. Ова, во споредба со комбинираните 19 отсто од глобалниот БДП на Русија и Кина, е премногу.
Како и да е, слободниот свет е загрижен за заканите што ги поставуваат Кина и Русија и веќе работи на политика за слични мерки за да им се спротивстават на нив, но овие напори би можеле да бидат засилени со координирана глобална стратегија предводена од САД. Наместо да склучува сојузи со променливите диктатори, Вашингтон треба да ги собере своите сили и да ги мобилизира постојните стратегиски партнерства.
САД и нивните демократски сојузници веќе уживаат во економската, воената и политичката моќ што е потребна за да се истакнат во оваа нова ера на голема моќ и конкуренција. Пекинг и Москва, а не Вашингтон, се оние што треба да се чуваат од моќните и идеолошки непријатели што во последно време се здружуваат против нив.