Во Соединетите Американски Држави, 14 населени места се именувани како Македонија. Помеѓу нив е селото Македонија во сојузната држава Илиноис. Според традицијата, ова населено место своето име го добило според античкото кралство Македонија. Според последните податоци, во Македонија живеат 63 луѓе.


Автохром

Автохром е процес на додавање боја на црно-белите фотографии. Оваа техника се користела до 30-тите години од 20 век, кога се појавиле првите фотографии во боја. Техниката била откриена од страна на француските браќа Лумиер, а првите фотографии од овој тип почнале да ги продаваат во 1907 година. Фотографиите изработени со оваа техника биле привлечни поради нивната естетика и уникатност, кои станале нејзини најпрепознатливи карактеристики.


Штутгардскиот псалтир

Штутгардскиот псалтир е богато украсен средновековен молитвеник од 9 век. Според експертите, псалтирот се смета за еден од најзначајните во периодот на династијата на Каролинзите. Напишан е со каролиншки минускул и содржи 316 слики, кои го илустрираат псалтирот според т.н. галикански обред.


Томахавка

Томахавката е секира што била користена од домородното индијанско население, а подоцна и од европските колонисти што честопати тргувале со нив. Томахавката честопати била користена во блиска борба. Модерните томахавки, познати како виетнамски томахавки, беа користени од специјалните американските сили во текот на Виетнамската војна.


Лавот од Вавилон

„Лавот од Вавилон“ е античка скулптура пронајдена во стариот град Вавилон во Ирак. Беше откриена во 1876 година од страна на германски археолози, кои го истражувале локалитетот, се претпоставува дека скулптурата е стара 2.600 години. Лавот е изграден за време на владеењето на нововавилонскиот крал Навуходонозор Втори. Во 2013 година, Светската организација за заштита на спомениците, во соработка со Државната канцеларија за антиквитети во Ирак, ја замени основата и ја засили безбедноста околу „Лавот од Вавилон“.


Црна орхидеја

Brasiliorchis schunkeana е вид орхидеја чии бои се многу блиски до црната, а всушност е виолетово-црна боја, но остава впечаток на црн цвет. Оваа орхидеја е откриена во дождовните шуми на јужноамериканската држава Бразил, на висина од 600 до 700 метри.


Петропавлова пештера

Оваа пештера се наоѓа во Петрово Поле, во близината на Требиње, Босна и Херцеговина. Според локалните преданија, пештерата била посетувана од апостолот Павле и оттука го добила името. Според традицијата, Павле во пештерата се криел од римските власти и во неа го крштевал населението. Секоја година за Петровден во пештерата се собираат голем број верници во присуство на свештеници што извршуваат литургија. Во пештерата има каменен олтар и икона на апостолите Павле и Петар.