Започнаа активностите за отстранување на нелегално изградениот ѕид во авто-кампот „Градиште“.
Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиев на Фејсбук објави дека градежен, комунален инспектор и инспектор за животна средина, утрово, извршиле увид по што беше констатирано дека изведувачот нема постапено согласно издаденото решение за отстранување.
Согласно тоа, денес, започнаа активностите за отстранување на нелегално изградениот ѕид.
Општинските инспекциски служби уште на 24 март извршиле увид и составиле записник, па било донесено решението според кое изведувачот имал законски рок сам да го отстрани.
Од тој записник во март се поминати скоро два месеци, па Охрид СОС реагираа дека општината знаела за зафатот, а „инвеститорот“ продолжил да гради се до 17 мај, кога граѓаните алармираа.
– Општината чекала сами да си го рушат. Аха! Арно ама овие си граделе и натаму, спремни за кривична пријава. А, нели Општина Охрид нема пари за рушење дивоградби?! – стои во дел од реакцијата на активистите.
Започнаа активностите за отстранување на нелегално изградениот ѕид во авто – кампот „Градиште“.Градежен, комунален…
Posted by Константин Георгиески – Градоначалник на Општина Охрид on Понеделник, 18 мај 2020