Полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Стење, во водите на Преспанското езеро во село Штрбово и во село Наколец, на околу 50 метри од брегот на езерото, пронашле рибарски мрежи со улов.
Риболовниот алат и рибата биле подигнати од водите на езерото и биле однесени во полициската станица за граничен премин и граничен надзор Стење за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Во периодот од 21.00 часот на 15.05.2020 до 04.00 часот на 16.05.2020, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Охридско Езеро, во водите на Охридското Езеро, на околу 200 метри од брегот на езерото, спроти хотел „Метропол“, на околу 20 метри од брегот на езерото, спроти АК „Извиднички“ и на околу 10 метри од брегот на езерото, спроти плажа „Версус“, пронашле повеќе рибарски мрежи и уловена риба.
Риболовниот алат и рибата биле подигнати од водите на езерото и биле однесени во Полициската станица за граничен надзор Охридско Езеро за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.