Кинеските власти воведоа забрана за патување и привремена вонредна состојба во два града во североисточна Кина, поради нови случаи на коронавирус.
Новите случаи предизвикаа загриженост дека почнал да се шири втор бран на заразата.
Најмалку пет нови случаи вчера беа потврдени во Вухан, кој беше жариште на епидемијата од каде вирусот почна да се шири.
Властите во градот Џилин, на околу 1.800 километри од Вухан, прогласиле нови забрани за патување откако вчера беа потврдени уште шест нови случаи на коронавирус, од кои петмина дошле од соседниот град Шулан.
Властите во Шулан за време на викендот прогласија вонредни мерки, откако било потврдено 14 нови случаи само седум дена по соопштението на официјален Пекинг дека нивото на ризик е ниско во сите кинески провинции.