Смртта на принцезата Дијана и денес ја интригира јавноста, а сега се подготвува уште еден емотивен удар за Вилијам и Хари, кои со години тешко го поднесуваат откривањето на тајните од животот на својата мајка. Принцовите наскоро ќе се соочат со ново страдање, пишува „Дејли мејл“. На Нетфликс доаѓа контроверзниот документарец „Да се биде: Дијана“, кој ги следи животните турбуленции на нивната покојна мајка.
Документарецот изнесува скандалозно тврдење дека принцезата се обидела
да си го одземе животот дури четири пати. Продуцентите планираат четири продолженија, а приказната ќе ја следи борбата на принцезата со нејзиното нарушено ментално здравје, проблемите со исхраната, несреќниот брак со принцот Чарлс и болното детство.
– Вилијам и Хари ќе бидат многу вознемирени и бесни кога ќе го погледнат филмот – изјави за британските медиуми анонимен извор.
Нетфликс соработувал со принцот Хари, а тој и сопругата Меган во моментот водат преговори со стриминг-сервисот во врска со иднината на проектот, па се шушка дека овој документарец може да ги наруши и нивните односи.
Наводно, филмот што се подготвува ќе прикаже досега невидени снимки на принцезата Дијана од периодот 1990-1992 година, а ќе ја следи и нејзината внатрешна борба во врска со одлуката да се разведе од принцот Чарлс. Ниту кралското семејство, ниту семејството на принцезата Дијана нема да учествуваат во документарецот и одбиваат да кажат што било за неговото снимање.