Секторот за компјутерски криминал при МВР поднесе кривична пријава против 32-годишник од Скопје, на привремена работа во Германија, поради сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.
Како што информираат од МВР, пријавениот на 6 мај годинава до функционер од политичка партија и до Владата испратил електронска пошта со текст со говор на омраза.
Потоа, на својот профил на Фејсбук, 32-годишникот објавил постови во кои имало говор на омраза, а се однесуваат на претседател на политичка партија.
Истиот ден на фејсбук-објава на профилот на телевизиска куќа, тој напишал објава во која се ширел говор на омраза.