Трговскиот договор помеѓу Кина и САД ќе биде спроведен, како што ветија преговарачите, и покрај пандемијата на ковид-19, соопшти кинеското Министерство за трговија по телефонскиот разговор меѓу претставниците на Пекинг и Вашингтон.
Според договорот потпишан во јануари, предвидено е Кина да купи американски производи во вредност од 200 милијарди американски долари во текот на следните две години, додека американската администрација вети дека ќе одложи натамошно зголемување на царините за увоз на стоки од Кина.