Светската фудбалска федерација (ФИФА) може да ја казни германската репрезентација поради начинот на прослава на победничкиот гол на дуелот со Шведска во саботата (2:1).
ФИФА отвори дисциплинска постапка против двајца членови на германската репрезентација, директорот на Сојузот Георг Бехлау и портпаролот на тимот Улрих Фојгт, Двајцата бурно ги искажаа своите емоции кога Тони Кроос го постигна победничкиот гол во дополнителното време.
Бахлау и Фојгт трчаа кон клупата на Швеѓаните, по што се судрија со член на противничкиот тим.
Претставниците на германската репрезентација, како и Германскиот сојуз, се извинија за малиот инцидент.