Со полагање на букети свежи цвеќиња пред спомен обележјата на бранителите, кои загинаа во конфликтот во 2001 година, во дворот на СВР Битола и споменикот „Ангел“, кај Градскиот часовник, битолската полиција го одбележа својот празник 7 мај, Денот на македонската полиција, кој почна да се одбележува од 20 април 1993 година, кога со одлука на Владата на Република Македонија овој ден е прогласен за Ден на македонската полиција.
– Оваа година поради новонастанатата ситуација со коринавирусот одбележувањето на празникот го сведовме исклучиво на положување цвеќе пред спомениците на бранителите – истакна портпароклката на СВР Битола, Сања Стаматова, која упати честитки до македонската полиција, која и во оваа ситуација, на пандемија, како и многу пати досега професионално и одговорно ги извршува поставените задачи, со кои ја гарантира слободата и безбедноста на граѓаните. М.М.