Милијардерот Бил Гејтс ја финансира изработката на седум ветувачки идеи за вакцина насочувајќи се кон справувањето со коронавирусот, пренесува Блумберг.
– Ако се продолжи совршено, ќе влеземе во производство за една година. А процесот може да потрае и до две години – истакна Гејтс.
Вториот најбогат човек на светот (богатството на Гејтс се проценува на 104,9 милијарди долари) истакна дека производството на вакцина веројатно нема да почне во септември како што некои сугерираа.
– Доктор Фаучи и јас сме прилично уверени дека ќе бидат потребни 18 месеци за создавање на очекувања кои не се превисоки – порача Гејтс спомнувајќи го директорот на американскиот Национален институт за алергии и заразни болести.
Гејтс посочи и дека неговата фондација со донации кои надминуваат 40 милијарди долари ќе посвети „потполно внимание“ на ковид-19.
Фондацијата досега додели 250 милиони за справување со коронавирусот, а ќе пренамени и дополнителни средства кои беа планирани за борбата со другите заразни болести.
Гејтс ја бранеше и Светската здравствена организација против обвинувањата на американскиот претседател Доналд Трамп кој тврди дека СЗО немала соодветен одговор на ширењето на вирусот.
– Јасно е дека СЗО е многу важна и дека треба да добие дополнителна поддршка за да ја спроведува својата улога во пандемијата – истакна Гејтс кој е коосновач на „Мајкрософт“.
Акциите на „Мајкрософт“ со вредност од околу 174 долари забележаа раст од приближно 10 отсто во однос на истиот период минатата година, иако акциите на голем број компании бележат пад поради кризата.