Ќерката на Брус Вилис и на Деми Мур, Скаут Вилис, откри зошто нејзините родители се заедно во карантин во Ајдахо со своите деца, додека сегашната сопруга на Вилис, Ема Хеминг, останала во Лос Анџелес, пренесува „Пејџ сикс“. Славните актери Брус Вилис и Деми Мур беа во брак од 1987 до 2000 година и имаат три деца. Вилис, пак, е во брак со Хеминг од 2009 година и тие имаат две деца.
– Мојата маќеа требаше да дојде тука, заедно со моите мали сестри, но помалата сестра, која сега има седум години не знаела дека не треба да допира употребена медицинска игла што ја нашла во парк, се обидела да ја згази со чевлите и при тоа се боцнала во стапалото. Мојот маќеа мораше да биде во Лос Анџелес, за да ги добие резултатите и да ја однесе на лекар – истакна Скаут, додавајќи дека нејзиниот татко дошол претходно, по што патувањето станало комплицирано со што Хеминг останала во Лос Анџелес со моите мали сестри “.
Иако Хеминг не е покрај нејзиниот сопруг, таа ги коментира неговите фотографии на Инстаграм.
– Ве сакаме и ни недостигате. Баш сте добар тим – напиша Хеминг коментирајќи одредена објава на Вилис на Инстаграм.