Маж од Липково, на 43-годишна возраст е приведен за убиството што се случи вчера.
Како што јави МВР, тој со нож убол соселанец, кој им подлегнал на повредите.
– Констатирано е дека околу 18 во селото Липково Б.С (43) од Липково, по претходна вербална расправија ,физички се пресметал и со нож во пределот на градите неколку пати го прободел Ј.С(43) од Липково, по што Ј.С починал – информираат од МВР.
По Наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција. Б.С. е приведен и се работи на целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе следи соодветен поднесок.