Поранешниот вработен во ЦИА Едвард Сноуден поднел документи за да ја продолжи дозволата за престој во Русија за уште три години, изјави неговиот адвокат Анатолиј Кучерена.
Правниот застапник на Сноуден додаде дека поради постојните околности, предизвикани од пандемијата на ковид-19, тој сфаќа дека одредени прашања можеби не се решаваат одеднаш, но трпеливо ќе ја очекува одлуката од руската Агенција за миграција.
Сноуден доби привремен азил во Русија во 2013 година откако избега од САД, каде што работеше во ЦИА пред да влезе во Националната агенција за безбедност (НСА).
Додека беше во НСА, Сноуден откри детални класифицирани разузнавачки податоци за програмата за домашен надзор во САД. Документите покажаа дека САД ги прислушувале своите граѓани преку интернет, собирале телефонски записи и електронска пошта, вклучувајќи записи од светски лидери, и ги следеле преку мобилните телефони.
Од јуни 2013 година, САД го бараат Сноуден за обвинeнија по две точки за кршење на Законот за шпионажа и кражба на владина сопственос.
Сноуден избега од САД во Хонгконг, но откако се соочи со екстрадиција во матичната земја, побара прибежиште во Русија, каде во 2014 година доби тригодишна дозвола за престој, која му беше продолжена во 2017 година.