Педесет и три медицински работници се задржани откако полицијата ги растурила демонстрациите во Квета, пренесува „Гардијан“.
Оружени полициски сили вчера ги разбија демонстрациите на повеќе од 100 лекари и болничари кои го осудија недостигот на заштитна опрема како што се маските и очилата.
За време на протестот биле уапсени педесет и три медицински работници, од оние кои дошле да протестираат. Медицинските работници ширум светот се соочуваат со недостиг од витална безбедносна опрема, додека се шири пандемијата.
Лекар и медицинска сестра починаа минатиот месец во Пакистан откако се заразиле со коронавирус, додека најмалку дваесетина други медицински работници во земјата беа позитивни на тестирањата за ковид-19.
Во Индија, вчера лекарите му пишаа на премиерот Нарендра Моди, жалејќи се на повратна реакција против лекарите кои зборувале за недостигот на критични материјали.