Во ФИФА пристигнале две целосни кандидатури за организација на фудбалскиот Мундијал во 2026 година, соопшти Светската куќа на фудбалот.
Заедничка организација пријавија САД, Канада и Мексико, а самостоен домаќин сака да биде Мароко.
Домаќинот на СП 2026 ќе биде познат на Конгресот на ФИФА закажан за 13 јуни во Москва, еден ден пред почетокот на СП 2018.
Мароко пријави 12 стадиони на кои би се играле натпреварите од Мундијалот, додека трите држави кои имаат заедничка кандидатура пријавија 23 града потенцијални домаќини.