Русија е една од земјите што работат на пронаоѓање вакцина против новиот коронавирус.
Вакцината против коронавирусот што ја разви руската Федерална агенција за биомедицина ја помина првата фаза на развој и се очекува нејзиното тестирање целосно да биде завршено во јуни, изјави директорката на агенцијата Вероника Скворцова, додавајќи дека вакцината треба да биде готова за употреба за 11 месеци.
– Развојот на вакцината ја помина првата фаза. Станува збор за рекомбинантна вакцина која не е развиена врз основа на жив вирус, туку протеини кои имаат таканаречени епитопи, или центри за кои се врзува вирусот – рече Скворцова, пренесува ТАСС.