Канадери на Дирекцијата за заштита и спасување, денеска во 14 надлетувања исфрлија 35.000 литри вода, во акцијата за гаснење на пожарот во село Осинчани над Марков манастир, кој е активен веќе трет ден.
И покрај активирањето на авионите во гаснење на пожарот, според очевидци, пламени јазици и вечерва биле видливи во ридовите над ова село во околината на Скопје.