Требаше многу време и многу пат за да стигнеме таму каде што сме денеска. Ова е историски ден и можност за граѓаните на Северна Македонија да добијат позитивни одговори за евроатлантските интеграции. На крајот од денот сите ќе видат дека договорот е добар компромис во кој сите добиваат по нешто – изјави еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Јоханес Хан.
Изјавата ја даде по потпишувањето на Договорот за решавање на македонско-грчкиот спор за името и стратешко партнерство.