Основното јавно обвинителство Прилеп денеска поднесе четири предлога за издавање казнен налог за четворица жители на Прилеп. Казната за секој обвинет е во висина од 100 дневни глоби, а секоја дневна глоба со висина од 30 евра.
Секој од нив во одделни случаи го сторил кривичното дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.
Сите обвинети кои во државата дошле од различни држави, при влез во земјава на 16 март 2020 година потпишале изјави за самоизолација. Но при проверка од полициските службеници на 18 март не биле затекнати во нивните домови, па со тоа го сториле кривичното дело кое им се става на товар.
Обвинетите иако должни да ги имплементираат мерките определени во Писмена наредба на Министерството за здравство за сузбивање или спречување на епидемијата на коронавирусот – ковид-19, како и обврската од Изјавите за самоизолација, не постапиле согласно предвиденото со што го сториле кривичното дело.