Емотивно интерју на помладиот брат на Меган Маркл
Додека ја снимаше серијата таа се срамеше од нас, сега е време да се спушти на земја и да помири со нашиот татко, кажа помладиот брат на Меган Маркл, Том, во разговор за англиски „Експрес“.
Том кој не е во добри односи со неговата сестра, се извинил што придонел во семејните недоразбирања и ја повика војвотката од Сасекс да го направи истото и да ја исполни последната желба на нивниот татко Томас, да го види внукот Арчи.
Братот додава дека никој не се однесувал добро и смета дека Меган треба да се јави на татка си и да му се извини. Според него, таткото целиот живот го посветил на неа и се што има постигнато му должи токму на него. Ова го кажал братот на Меган во емотивно интервју во куќата на мајка му во Ново Мексико.
Том раскажал дека татко му во телефонски разговор рекол оти сака да се помират со Меган и да го види Арчи, како и Меган повторно да биде дел од неговиот живот.
Што било поминало, вели Том во интервјуто, додавајќи „сега е ред Меган да му се јави на нашиот татко, па дури тоа да биде последно нејзино јавување“.
Меган својот татко последен пат го видела во мај 2018 година, пред да се омажи за принцот Хари.
Том живее во Орегон, во близина на границата со Калифорнија и тој се надева дека еден ден ке воспостави контакт со десетомесечниот Арчи, кој досега го видел само на фотографии во весниците.
– Арчи е член на семејството кој никогаш не сум го сретнал. Член на семејство кој највероватно никогаш нема да го запознаам доколку кралицата не се вмеша – вели Том, додавајќи оти е срамно што никој од семејството Маркл не бил повикан на венчавката и што се обележани како нефункционално семејство.