Во Општина Шуто Оризари во завршна фаза е реконструкцијата на улицата Мелничка. На оваа сообраќајница се реконструира коловозот во должина од 587 квадратни метри. Откако ќе завршат градежните зафати на нејзината реконструкција, на улицата ќе биде поставени семафори и одбележани пешачки премини, популарно наречени вертикална и хоризонтална сигнализација.
На тој начин на оваа сообраќајница во населбата ќе се зголеми безбедноста на граѓаните, а најмногу на децата.
Надлежните од Општина Шуто Оризари најавуваат дека по овој пример со реконструкцијата на улицата Мелничка, ќе продолжат и на други општински улици, каде што планираат да изградат нови тротоари. Во наредниов период ќе продолжат реконструкциите и на другите улици во населбата. Додаваат дека и во иднина ќе градат плански.