Период на изградба: меѓу 720 и 300 година пр. н.е.
Висина: од 6 до 30 метри
Стил: нубиски
Во Судан постојат 250 камени гробници, изградени меѓу 720 и 300 година пред новата ера, кои и покрај историската вредност, сѐ уште се во сенка на египетските пирамиди.
Откако ќе ги посетите величествената пирамида на Тутанкамон и преостанатите преубави зданија, можете да му се препуштите на разгледувањето на непознатите судански пирамиди. И тие исто така восхитуваат, поради својата историја, структура и убавина, а за да уживате во оваа глетка нема да ви пречат многубројните љубопитни туристи, бидејќи едноставно ги нема.
Мерое бил главен град на кралството Куш, со кое владееле нубиските кралеви. Нивните пирамиди, високи меѓу 6 и 30 метри, имале мали бази и стрмни страни. Влезовите обично се свртени кон исток, како знак на поздрав на изгрејсонцето. Стилот на градба е таканаречен нубиски и го красат голем број декоративни елементи, инспирирани од уметноста на Египет, Античка Грција и Рим, поради што претставуваат непроценливи реликвии што се наоѓаат на листите на УНЕСКО.
Како и египетските и суданските пирамиди се градени како гробници. Тие гордо стоеле до 1834 година, кога ги ограбил италијанскиот истражувач Џузепе Ферлини и ги оштетил, додека во потрага по скриено богатство користел експлозив.
– Нестрпливите археолози во 19 век од некои пирамиди ги откорнале златните листови, а од некои речиси целосно ги отстраниле – изјави Абдел-Рахман Омар, директор на Националниот музеј во Судан и Картум.
И додека повеќето пирамиди се обновени, некои сепак се оставени оштетени и чекаат подобри денови и, секако, повеќе туристи.