Косовската полиција го уапси А.Х., под обвинение дека се обидел да прошверцува лав во кафез, јавуваат приштинските медиуми.
Обвинетиот го носел лавот од Албанија, а обвинителот му одреди мерка притвор во траење од еден месец.
Според медиумите, станува збор за угостител кој има сопствен ресторан во село во Косово.
Тој го шверцувал животното од Албанија преку планински патишта, без никаква придружна документација.