Инфлацијата во Венецуел е речиси 25.000 проценти во изминатите 12 месеци, јави ДПА.
Финансиската комисија во Парламентот соопшти дека инфлацијата за тој едногодишен период (до крајот на мај) била 24.571 процент.
Само во мај била 110.1 отсто.
Портпарол на Комисијата изјави дека инфлацијата е 2,4 отсто дневно.
– Тоа е трагедија што ја преживуваме секој ден, изјави тој.
Венецуела е во тешка економска криза поради поевтинувањето на нафтата, и по години лошо владеење, наведува ДПА.