Наталија Ореиро, уругвајската актерка, пејачка и модна дизанјерка објави ново видео за песната „Обединети од љубов“ – посветено на Светското првенство во кое покрај тоа што пее на англиски и на шпански, пее и на руски.
Згора на тоа, таа носи руски народен украс за глава наречен кокошник.
Ореиро призна дека нема само да навива за репрезентацијата на Уругвај, туку и за Аргентина и Русија.