Кинескиот претседател Си Џинпинг на Самитот на Шангајската организација за соработка во Чингдао, ја фалеше слободната трговија, а ја критикуваше „себичната политика“.
Тој повика на одржување на прописите на Светската трговска организација (СТО), поддржување на мултилатералниот трговски систем и изградба на отворена глобална економија.
Иако Си во говорот не го спомена американскиот претседател Доналд Трамп, Пекинг сака себе си да се претстави како заговорник на слободната трговија, во одговор на поддршката на Трамп за контрола на увозот, а тоа се коси со статусот на „најзатворената економија“, што Кина го има, коментираат американските медиуми.
– Треба да го отфрлиме „менталитетот на Студената војна и судирот меѓу блоковите“, истакна Си, укажувајќи дека земјите би требало да се спротивстават на „праксата на тежнеење кон апсолутна безбедност за нив, на сметка на безбедноста на другите земји“.