Напаѓачот на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо е блиску до склучување договор со даночните власти во Шпанија за плаќање на одредена сума по што би избегнал казна која може да биде и затворска.
Според тамошните медиуми Португалецот ќе плати од 18 до 20 милиони евра во корист на даночните службеници за затворање на случајот против него.
Претходно, даночната служба побара ѕвездата на Реал да плати 28 милиони евра за четирикратно прекршување на законот.
Според изворот, договорот подразбира взаемни отстапки од страна на играчот и даночните власти. Се очекува спогодбата да биде потпишана пред Светското првенство кое почнува на 14 јуни.