Владатa доцна синоќа на седница ја разгледа и усвои Информацијата во врска со актуелната состојба и проблемот со издавање на патни исправи од страна на Министерството за внатрешни работи.
При тоа го задолжи ова министерство да утврди механизам, односно методологија и критериуми за начин на издавање на патни исправи до 24.03.2020 година, за кога е најавена испорака на дополнителна количина на обрасци на патни исправи.