Претседателот на Собранието, Талат Џафери, не смее повторно да го стави Собранието во улога на штитеник на неподобни кадри, како што тоа го изведе во случајот со (не)одземањето на имунитетот на пратеникот Трајко Велјановски, вели пратеникот од СДСМ, Александар Кирацовски.
– Штом од Владата на предлог на актуелниот технички премиер, се бара разрешување на актуелната министерка за Труд и социјална политика, Рашела Мизрахи, поради кршење на Уставот, не постои причина зошто Собранието да не го стави тој предлог на собраниска седница, сега-веднаш – вели Кирацовски преку статус на Фејсбук.
Тој додава дека на пратениците им смачено преку нивни грб да се кршат уште копја, а самите пратеници, кои придонеле многу за остварување на историските успеси и државни постигања, повторно да бидат топовско месо.