Здружението „Сплотени срца“ од Штип организира јавна лицитација на дресовите на македонските ракометни репрезентативци Кирил Лазаров, Стојанче Стоилов, Дејан Манасков и Жарко Пешевски. Ракометарите овие дресови ги носеа на последниот одигран натпревар на Македонија на Европското првенство одржано во јануари, против Австрија во Виена. Опремата е потпишана од повеќемина македонски репрезентативци. Почетната цена за еден дрес е 50 евра, а плаќањето може да се изврши преку на интернет-страницата за трговија И-беј.
Приходот од продажбата на дресовите ќе биде наменете за хуманитарни цели, односно за купување на земјиште за изградба на центар за престој на деца со посебни потреби. Земјиштето е во регионот на Штип, на патот кон Валандово.
Заинтересираните за дресовите можат да учесвуваат на лицитацијата преку следниот линк.