На Меѓународниот детски фестивал на народни песни и ора, што по единаесетти пат се одржа во Бугарскиот град Кресна, во категорија на деца на возраст од 14 до 18 години, КУД „Рацин“ Кичево, во силна конкуренција и со учество на 20 фолклорни ансамбли од десетина Европски земји ја освои првата награда.

Покрај во натреварувачкиот дел во градот Кресна, кичевските играорци ревијално настапија и во градот Први Мај.

– На единаесеттото издание на Меѓународниот детски фестивал на народни песни и ора „Кресна 2018“ во Бугарија, нашите играорци на возраст од 14 до 18 години го освоија првото место, во конкуренција на 20 ансамбли од десетина европски земји. Во натпреварувачкиот дел нашите играорци се претставија со ората, „Тресеница“ и „Тропнало оро“ додека наредниот ден на отворената сцена во градот Први Мај имавме ревијален настап на кој се претставивме со „Поречки игри“ и „Бркање на чумата“. И на овој фестивал покажавме дека во нашето друштво се работи студиозно и професионално со сите категории играорци и не треба воопшто да се грижиме за иднината и перспективите на КУД „Рацин“ – истакна Мирјана Божиноски, ВД Директор на Центарот за култура од Кичево, во чии рамки работи и друштвото.

З.А.