Во обид успешно да избегаат од затвор, криминалците понекогаш смислуваат смешни планови, кои само го зголемуваат бројот на години што треба да ги одлежат во затворите
Не секој затвореник може да направи добар план за бегство од затвор, кој ќе го однесе на безбедно место, далеку од полицијата. Приказните подолу говорат за непромисленоста на човекот во обид на најбрз начин да избега од затвор.
Се заглавил во дупката што ја ископал за да избега
Не секој криминалец успешно бега од затворот каде што ја одлежува својата казна. Во 2012 година, четворица затвореници од Бразил направиле план за бегство. Прво да направат дупка во ѕидот, а потоа да се проврат низ неа, па да се прекачат преку електричната ограда. Навидум, планот звучел одлично. Меѓутоа, направиле огромна грешка. Дупката што ја направиле била премногу мала за да може секој да се провре низ неа. Првиот успешно се проврел низ отворот и, накратко, успеал да избега од затворот. Проблемите започнале кога се обидел вториот да се провре низ отворот.
Тој не се заглавил веднаш, но по неколку обиди да се провре низ малиот отвор, успеал да се повреди и да се заглави толку многу, што воопшто не можел да мрдне. Нему не му преостанувало ништо друго освен да вреска за помош.
Кога пристигнале стражарите и кога ја виделе апсурдната ситуација, морале да ги повикаат пожарникарите, затоа што било невозможно тие сами да го извадат затвореникот од дупката.
Избегал од затвор, па побарал помош од стражар што не бил на должност
Бегството на Џејмс Едвард Расел во 2011 година може слободно да се нарече бегство во стапица. Расел го чекал својот трансфер во минимално обезбедуваниот казнено-поправен дом „Олимпик“ и почнал да трча додека никој не го гледал. Расел направил сѐ што можел. Трчал околу 14 километри и чукнал на првата врата што му се нашла на патот, за да замоли да се јави на телефон. Тука ја направил најголемата грешка. Врата му отворил стражар во затворот од каде што тој избегал, кој во тој момент не бил на должност. Стражарот ја познал затворската униформа што ја носел Расел, па веднаш го пријавил во затворот. Со тоа Расел бил првиот што избегал од 2006 година, но и првиот што бил најкратко избеган затвореник.
Избегале, ама се удриле еден во друг
Во 2009 година, Реган Рети и Тиранара Вајт требало да се појават на судење во окружниот суд „Хејстингс“ на Северниот Остров во Нов Зеланд. Двајцата биле меѓусебно заврзани со лисици на рацете кога биле водени во судот. Се сетиле дека може да избегаат, па се затрчале, заборавајќи дека речиси е невозможно двајца врзани за раце да трчаат како еден. Рети и Вајт се затрчале, налетале на улична светилка и двајцата ѝ пристапиле од различни страни, заборавајќи дека со рацете се врзани еден со друг. Откако убаво се судриле и речиси онесвестиле, добиле и „солзавец“ за проблемите што ги направиле.
За целото ова бегство постои и видеозапис.
Се обидел да бега глумејќи дека е друг
Кражбата на идентитет е доста креативен обид за бегство од затвор и затоа Кенет Чед Бурнум се наоѓа на оваа листа. Неговиот план за бегство од државниот затвор „Хамилтон“ бил многу прост: да го земе идентитетот на затвореник што веќе бил на крај од отслужувањето на неговата казна и да излезе. Кога затвореникот Глен Тејлор бил прозван, Бурнум како од пушка извикал: „Еве сум, еден и единствен Глен Тејлор. Тоа сум јас и никој друг.“ Апсурдот на ситуацијата бил во тоа што Бурнум бил белец, додека човекот што се обидувал да го замени бил црнец. Стражарот одлучил да ги погледне документите и ја здогледал фотографијата. Забележал дека човекот што кажува дека е Тејлор воопшто не личи на Тејлор од фотографијата. Бурнум упорно тврдел дека тој е Тејлор, и покрај неоспорувачките докази за спротивното.
Направил кукла што личела на него
Затворениците може да бидат доста лукави. Со оглед на тоа што во затворите се занимаваат со разни активности, вклучувајќи и занаетчиство, многу лесно може да измислат нешто со чија помош успешно ќе избегаат. Овој затвореник направил нешто неверојатно смешно. Користејќи ги работилниците, тој направил кукла, и тоа од путер од кикиритки, ролни од тоалетна хартија и книги. Затвореникот Мајкл Џ. Норвуд токму тоа и го направил. Во 2010 година, направил кукла од себе и се обидел да избега од казнено-поправниот дом „Снејк ривер“.
Една саботна вечер Норвуд ја ставил својата кукла и заминал во дворот за рекреација, каде што планирал да остане до полноќ. Целиот негов план зависел од тоа никој да не го забележи дополнителниот „затвореник“ што лежи во туѓа ќелија. Норвуд немал апсолутно никаков план доколку излезе од затворот, бидејќи тој се наоѓал во рурален дел на Онтарио. Бегството траело само 30 минути, а затворските служби го казниле со 132 долари за уништените книги.