Видеоиграта во која е целта предизвикување смртоносна пандемија на вируси стана многу популарна во Кина во услови на епидемија на коронавирусот.
Дури и осум години по објавувањето, играта стана најпродаваната апликација во Кина.
Некои играчи мислат дека луѓето ја преземаат апликацијата како начин да се справат со стравовите за вирусот.
Најмалку 17 луѓе починале од коронавирусот, а повеќе од петстотини се заразени.
Играта „Плејг Инк“ била дизајнирана од ИТ инженери од британската фирма „Ендемик Криејшн“, а идејата на играта е играчот да предизвика пандемија пред светската научна заедница да најде лек.
Крајната цел на играта е да „стави крај на човечката историја“. Компанијата соопшти дека добиле многу прашања во врска со појава на коронавирусот и сите корисници на веб-страницата ги упатиле на Светската здравствена организација.
Играта е преземена повеќе од 120 милиони пати од 2012 година, и била номинирана за бројни награди.
Еден корисник на кинеската платформа за социјални медиуми „Веибо“ напишал „најдобар начин да се справиш со стравот е да му погледнеш в лице“.