Нашиот најуспешен филмски продукт, документарниот филм „Медена земја“, особено по добивањето на двете номинации за „оскар“, ги инспирира македонските визуелни уметници да создадат цртежи и илустрации со мотиви од филмот на режисерите Тамара Котевска и Љубомир Стефанов. Меѓу нив се и делата на Васил Шемко, Бане Кома, Зоран Кардула, Теано Кардула, Николина Огненовска, Милчо Велјановски, Стефанија Бетоска, Андреј Павлов…