Јапонскиот министер за животна средина Шињиро Коизуми најави дека ќе земе породилно отсуство затоа што сака да им стане пример на вработените татковци.
Коизуми е син на поранешниот премиер Јоничури Коизуми, а многумина го сметаат за иден лидер.
Тој рече дека ќе земе околу две недели одмор во текот на три месеци откако ќе му се роди првото дете овој месец, пренесува „Ројтерс“.
Јапонскиот премиер Шинзо Абе се обидува да охрабри повеќе мажи да земат породилно отсуство, а фирмите да овозможат подобар баланс помеѓу работата и животот, како дел од програмата „Виминомикс“ за поттикнување на вработеноста на жените.