Два пожара во австралиските сојузни држави Нов Јужен Велс и Викторија се споиле при што настанал мегапожар на површина од 600.000 хектари, како што објави „Сиднеј Морнинг Хералд“.
Поради новиот топлотен бран и силниот ветер, над 100 пожари кој беснеат низ делови од Австралија, разгоруваат се побрзо.
Од полноќ прогласена е вонредна состојба поради двата пожара кои се споија во еден.
Локалниот противпожарен командант, Шејн Фицсимонс, од Нов Јужен Велс изјави дека условите се повторно многу тешки по неколку полесни денови, кога заврна дожд.
– Топло е, ветрот е посув и тоа повторно ќе биде голем предизвик за нас – додаде тој.
Температурите во делови на Нов Јужен Велс и Викторија денес беа над 40 Целзиусови степени.
Портпаролот на противпожарната служба, Ентони Бредстрит за АП изјавил дека верува оти пожарот бил предизвикан од гром.
Само во Нов Јужен Велс, активни се над 130 пожари, а повеќе од 50 се надвор од контрола.
Во пожарите во Австралија досега загинаа 26 лица.