Централното претседателство на Движењето БЕСА синоќа го одржа редовниот состанок во Тетово. На средбата се разговараше за актуелната состојба и предизборните коалиции, соопшти партијата. На состанокот на Централното претседателство се донесени три одлуки.
– Се потврди ставот дека Движењето БЕСА, е отворено за можна трипартиска предизборна соработка, во согласност со повикот на Алијансата за Албанците. Централното претседателство му наложи на генералниот секретар на движењето БЕСА, Арјанит Хоџа, да ја предложи стратегијата на Изборниот штаб и неговиот состав на следниот состанок на Централното собрание.Организациониот секретар, Аднан Азизи, е задолжен да ја состави агендата за посети на секоја албанска населба, вклучително и дијаспората, каде ќе биде претставена Платформата „БЕСА“ – се вели во соопштението.