Убиството на иранскиот генерал Касем Сулејмани не е изведено со цел да се предизвика конфликт со Иран, туку да се прекине војната, изјави американскиот претседател Доналд Трамп, додека Иран се пожали на кршење на меѓународното право до Обединетите нации.
– Ние презедовме акција за да ја запреме војната, не го сторивме тоа за да започнеме војна – рече Трамп, додавајќи дека не бара промена на режимот во Иран, но оти земјата мора веднаш да престане со употреба на борци од други држави за да ги дестабилизира соседите.
Сулејмани, командантот на иранската елитна единица Кудс, беше убиен во американски воздушен напад во близина на меѓународниот аеродром во Багдад.
Иранскиот амбасадор во ОН, Тахт Раванчи, во писмо до Гутереш напиша дека тој чин, според сите стандарди, „претставува очигледен пример на американски тероризам и, како криминален чин, претставува флагрантно кршење на основните принципи на меѓународното право, особено она пропишано со Повелбата на ОН”.