СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д. Н. (29) од Охрид поради разбојништво. Тој, според полицијата, на 29.12.2019, околу 5.40 часот, во населбата Грашница во Охрид, со остар предмет ја нападнал Ј. С. (66) од Охрид по што ѝ ја одзел чантата во која имало пари и два мобилни телефона. На Д. Н. му е одредена мерка притвор од 30 дена.